Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, актуелниот шампион од Лигата на шампиони во Азија, е исфрлен од натпреварувањето откако поради корона вирусот се појавија само девет фудбалери за мечот во средата против Шабаб Ал-Алхи Дубаи.
Ал-Хилал имаше дури 15 позитивни случаи во својот тим, и на крајот имаа само осум фудбалери и двајца голмани кои беа достапни за настап. Клубот, кој го победи јапонскиот Урава ред дајмондс во минатогодишното финале, заедно со Фудбалската федерација на Саудиска Арабија се обидоа да обезбедат одложување на мечот, но правилата на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) се јасни – еден клуб мора да има пријавено 13 фудбалери за меч.
По ова исфрлање, узбекистанскиот клуб Пахтакор и Шабаб Ал-Ахли Дубаи се пласираа во осминафиналето на Азиската Лига на шампиони. Во Ал-Хилал играат фудбалери како францускиот напаѓач Бафетимби Гомис, Италијанецот Себастијан Џовинко и Перуанецот Андре Карилјо. Тие отпатуваа во Катар на 11 септември за настап на турнирот налик на тој во европската ЛШ, но секој ден имаа по некој позитивен тест на КОВИД-19.