Top Sport

Хабиб: Со тренинзите се борам против депресијата

Хабиб Нурмагомедов вели дека со тренинзите и подготовките за мечот со Џастин Гетџи за УФЦ титулата во лесна категорија се бори со депресијата пред првиот меч по смртта на неговиот татко и тренер, Абдулманап Нурмагомедов.

Хабиб ќе се судри со Американецот Гетџи во главниот меч на УФЦ 254 во Абу Даби на 24 октомври, и во видео објавено на неговиот Инстаграм тој зборува за смртта на неговиот татко во јули по компликациите по заразувањето со корона вирусот.

„Тренирам постојано, бидејќи на некој начин се штитам од депресијата со тоа. Тренирам постојано и тоа ми се допаѓа. Тренирам цел живот за да имам добра енергија за да бидам здрав. И мојот татко беше таков. Неговите пријатели секогаш зборуваа дека каде и да оди со него имаше торба – прво да најде место за спиење, а потоа да најде каде да тренира. Додека сум активен спортист тоа е важно за мене, за потоа ќе видиме, ќе биде лошо“, вели Хабиб.

 

View this post on Instagram

 

В Дагестане ☝️#ufc254

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Scroll to Top