Репрезентативецот на Македонија Иван Тричковски го постигна голот со кој АЕК ларнака забележа победа 2.1 против АЕЛ Лимасол.
Најдобриот стрелец минатата сезона во кипарскиот шампионат во 63 минута го постигна голот со која АЕК ги освои трите бода. За Тричковски ова беше трет гол во новата сезона.
Претходно гостите водеа со голот на Риера во 24 минута, а осум минути подоцна израмни Макрис.
АЕК по пет кола со натпревар повеќе се наоѓа на делба на првата позиција на табелата со Аполон.