Тинејџерот Ансу Фати синоќа ѝ овозможи на Барселона да стартува со победа во новата сезона. Барса убедливо го совлада Виљареал со 4:0, Фати ги постигна првите два гола во 15 и 19 минута, а потоа избори пенал кој Меси го реализираше за водство од 3:0.
Фати од бизарна причина не беше прогласен за играч на натпреварот. Во Ла Лига, наградата за играч на натпреварота доделува познат производител на пиво, а бидејќи според шпанските закони на малолетниците им е забрането да рекламираат алкохолни производи, Фати остана без наградата.
Ансу Фати на 31 октомври ќе стане полнолетен.
Интересно е што откако не може наградата да му ја врачат на Фати, од ла Лига се решија за играч на мечот да го прогласат Џорди Алба кој беше асистент за првиот гол.