Top Sport

Динамо го продаде Гвардиол за 16 милиони евра!

Динамо Загреб уште еднаш покажа дека имаат фантастична школа за млади фудбалери и „осет“ за бизнис, откако го продадоа младиот Јошко Гвардиол во Ред бул Лајпциг за фантастични 16 милиони евра.

Иако беа заинтересирани и Лидс, 18-годишниот дефанзивец потпиша договор со Лајпциг до 2026 година, а ќе остане во Динамо како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, за што „модрите“ ќе добиваат дополнителни пари – 70 илјади евра по секој натпревар на Гвардиол.

Гвардиол го „фати“ окото на европските клубови откако влезе во првиот тим на Динамо минатата сезона, веќе играјќи и во Лигата на шампионите. Тој исто така е член на У-21 репрезентацијата на Хрватска.

Scroll to Top