Последните три реванши од баражот за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите не донесоа изненадувања, откако РБ Салцбург, данскиот Митјиланд и Краснодар ги визираа последните три билети.
Салцбург лесно со 3:1 го совлада Макаби Тел Авив, откако имаше и 2:1 предност од првиот натпревар, додека Митјиланд со 4:1 ја „уништи“ Славија Прага по ремито без голови во првиот меч.
Најинтересно беше во Солун, каде што ПАОК бркаше достижни 2:1 од првиот натпревар, но рускиот Краснодар во интересен финиш во кој трите гола се дадоа од 73. до 78. минута стигна до 2:1 победа.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 2.МЕЧ
Митјиланд (Дан) – Славија Прага (Чеш) 4:1, прв меч 0:0, вкупно 3:1
ПАОК (Грц) – Краснодар (Рус) 1:2, прв меч 1:2, вкупно 2:4
Салцбург (Авт) – Макаби Тел Авив (Изр) 3:1, прв меч 2:1, вкупно 5:1