Лос Анџелес Лјкерс со убедлива победа 116:98 над Мајами Хит ја отворија финалната серија во НБА лигата. Покрај немоќта на Мајами да одговорат на предизвикот, првиот меч го обележи и повредата на Горан Драгиќ кој најверојатно повеќе нема да игра до крајот на серијата.
Лејкерси силно влегоа во натпреварот, тие во првото полувреме ги нокаутираа ривалите, иако мечот Мајами го отворија со 23:10. Лејкерси се вратија со добрата игра во одбраната и беилијантниот шут за три поени. На Полувреме екипата од Лос Анџелес замина со предност 65:48.
Мечот практично беше решен на почетокот на третиот период кога по тројките на Грин и Џејмс Лејкерси стекнаа предност 72:51.
Мајами покрај резултатскиот минус се соочија и со кадровски проблеми поради повредите на Горан Драгиќ и Бен Адебајо, додека Џими Батлер имаше проблеми со скочнио зглоб.
Лејкерси до победата ги предводеа Ентони Дејвис со 34 поени, 9 скока, 5 асистенции 3 блокади и Леброн Џејмс со 25 поени, 13 скокови и 9 асистенции.
На спротивната срана Џими Батлер забележа 23 поени и 5 асистенции, а Кендрик Нан мечот го заврши со 18 поени и 5 скока.
Вториот натпревар на програмата е во сабота од 1.30 часот.