УЕФА го прогласи Ромелу Лукаку од Интер за најдобар играч во Лига Европа во изминатата сезона која заврши со триумф на Севилја.
Севилја во финалето го победи Интер со 3:2, а трагичар беше Лукаку кој постигна авгогол. Сепак тоа не беше пречка тој да биде прогласен за најдобар.
„Прв ќе му се заблагодарам на Бога што ме стави во позиција да играм за тим чии навивач сум од дете. Би им честитал на Севилја, тие го освоија трофејот. Сакам да му се заблагодарам на тренерот Антонио Конте и неговиот стручен штаб, но најмногу сакам да им се заблагодарам на соиграчите, од првиот ден ми беа како семејство. Секој ден во клубот доаѓам со насмевка поради нив. Се надевам дека оваа сезона ќе постигнеме поголеми успеси“, рекол Лукаку.