УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов вели дека не само што е подобар фајтер од Џастин Гетџи пред пресметката на УФЦ 254, туку е и далеку поинтелигентен во кафезот.
Зборувајќи пред мечот на 24 октомври на „Островот на борбите“ во Абу Даби, Хабиб вели дека го почитува Гетџи за неговиот дух во борбите, но дека има голем предност пред него.
„Не мислам дека ќе се работи за шаховски меч, тоа е сигурно. Мислам дека мојата интелигенција е многу поголема. Тој е само цврсто момче во рингот. Сака да се бори, сака крв, вистински воин. Но, ако зборуваме за фајтерска интелигенција, мислам дека тука доминирам. Џастин има одличен тренер во Тревор Витман кој знае да му дава вистински совети“, вели Нурмагомедов.
За својата стратегија, тој вели дека нема големи тајни – планира да го скрши Гетџи пред да го заврши во третата или четвртата рунда.
„Ќе се обидам да се борам со него. Ако се одбрани еднаш, ќе се обидам вторпат, третпат, стоти пат. И секако ќе се боксувам, ќе го клоцам. Ќе го уморам и тоа е главната цел. И потоа во третата или четвртата рунда ќе го завршам“, вели Хабиб.