Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане има коронавирус, потврди доцна синоќа неговиот клуб Ливерпул. Мане согласно протоколите во Премиер лигата се наоаѓал во самоизолација.
Ливерпул објави дека Мне имал лесни симптоми и се чувствувал добро.
„Како и во случајот со Тијаго Алкантара, Ливерпул продолжи да се придржува до сите протоколи поврзани со Ковид-19. Мане одреден период ќе биде во карантин“, соопшти Ливерпул.
Бранителите на титулата во првите три кола забележаа три победи и го делат првото место со Евертон и Лестер.
Ливерпул во четвртата рунда (недела, 20.15 часот) ќе гостува кај Астон Вила.