Атлетико Мадрид и Виљареал одиграа здодевни 0:0 на „Ванда Метрополитано“ во петтото коло во Ла Лига. Атлетико остана без муниција откако пред само шест дена ја декласира Гранада со 6:1. Ова е второ реми без голови за „јорганџиите“ во само неколку дена.
Атлетико го имаше поседот на своја страна меѓутоа избраниците на Чоло Симеоне не упатија ниту еден удар во рамките на голот на противникот. Виљареал се закани два пати и преку десниот бек Марио Гаспар.
Атлетико од три одиграни натпревари има пет бода, Виљареал со натпревар повеќе е на осум бода.