Полската тинејџерка Ига Свјонтек ја „растури“ првата носителка на Ролан Гарос, Симона Халеп со 6:1/6:2 за едно од најголемите изненадувања во историјата на Франција опен во зачудувачки меч од час и две минути во недела наутро во Париз.
Халеп имаше само две неизнудени грешки во првиот сет, но го загуби со 6:1 за само 24 минути, откако Свјонтек покажа неверојатна способност да врати удар од било која позиција. Таа потоа поведе со 3:1 во вториот сет, кога по шест брејк топки поведе со 4:1 и веќе немаше враќање за поранешната шампионка.
Ова е слатка одмазда за Свјонтек, тенисерка која уште нема ВТА титула, откако во четвртото коло на Ролан Гарос во 2019 година, загуби со 6:1/6:0 од Халеп.
Во четврт-финалето, Полјачката ќе игра со Италијанката Мартина Тревизан, која направи уште едно изненадување, совладувајќи ја со 6:4/6:4 петтата носителка, Холанѓанката Кики Бертенс.
Swiatek stuns Halep!
Teenager @iga_swiatek needs just 70 minutes to end Halep’s streak 6-1 6-2.#RolandGarros pic.twitter.com/dlh5372wsY
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 4, 2020