Себастијан Корда, 20-годишниот американски тенисер кој призна дека Рафаел Надал му е омилениот тенисер и дека го именувал кучето по него (Рафа), немаше шанса против „кралот на земја“ во осминафиналето на Ролан Гарос, губејќи со 6:1/6:1/6:2 за неполни два часа во Париз.
Корда, кој е син на поранешниот чешки шампион од Австралија опен, Петр Корда, освои вкупно пет гема во час и 55 минути игра на „Филип Шартие“, за да му дозволи на Надал по 14-ти пат да влезе во четврт-финалето на Ролан Гарос во потрага по својата 14-та титула од гренд слемот на земја.