Top Sport

Мурињо брутален: Ако некој не смее да плаче за ВАР, тоа е Манчестер јунајтед!

Жозе Мурињо немаше милост кон својот поранешен клуб Манчестер јунајтед по неверојатната 6:1 победа на Тотенхем на „Олд Трафорд“ и контроверзите околу тоа дали Антони Марсијал требаше да добие црвен картон.

Марсијал доби директен црвен картон во првото полувреме при 1:2 водство на гостите, откако реагираше на провокацијата на Ерик Ламела, кој помина само со жолт картон, нешто на што бурно реагираа фудбалерите на Јунајтед.

„Ако некој не треба да плаче за одлуките на ВАР тоа се Манчестер јунајтед. Не само поради оваа сезона туку и претходно. Игравме одлично и ја заслуживме победата“, вели Мурињо.

Scroll to Top