Претседателот на Бреша, Масимо Челино вели дека ги исклучил телефоните на последниот ден од преодниот рок и дека е подготвен да го „подари“ клубот ако некој е заинтересиран, по новите проблеми со клубот од Ломбардија.
„Рондинеле“ испаднаа од Серија А минатата сезона, по само една година во елитата, а проблемите продолжија и во втората лига, каде што се на последното место на табелата со само еден поен и фудбалерите се постојано на удар на критиките од газдата.
„По 30 години во светот на фудбалот, доживеав да ми се закануваат фудбалери. Луѓето кои сакале да ги продадам, бидејќи инаку ќе паднеле во депресија. Немаат ниту грам образование. Имам пет телефони и сите се исклучени. Има спортски директори, нека си ја вршат работата. Ако некој е заинтересиран, ќе му го подарам клубот“, вели контроверзниот Челино, кој претходно беше газда и на англискиот Лидс јунајтед.