Top Sport

Арсенал ги крати трошоците со отпуштање на маскотата диносаурус

Арсенал успеа повторно да ги налути своите навивачи откако се откри дека Џери Кај, човекот кој 27 години го носи костумот на саканата маскота „Ганерсаурус“ добил отказ поради кратење на трошоците поради корона вирусот.

Иако фудбалерите земаат милионски годишни плати, Арсенал во август отпушти 55 луѓе за намалување на трошоците, а сега сметаат дека бидејќи нема фанови на трибините, нема потреба ниту за маскота.

Кај не бил постојано вработен во клубот, но сепак доби поддршка од повеќе фанови на „топчиите“, вклучувајќи го поранешниот фудбалер Јан Рајт, голферот Ендру Џонстон и популарниот водител и страствен навивач на Арсенал, Пирс Морган.

Scroll to Top