видео/Mkd Sport
Првата кружна трка која во Скопје се одржа по пауза од седум години и беше наречена „Скопје круг 2017“ за жал заврши со тежок инцидент.
Во последната трка „Дивизија 4“, Урош Бркиќ со својата „Хонда Цивик“ удрил во луѓето од организацијата на трката.
Возачот и двајцата повредени, од кои еден е Александар Димушевски од организацијата на трката и претседател на АКК „Примо авј“, веднаш со возило на итната медицинска помош се префрлени во болницата „Сиситна“.
Според последните информации тројцата кои се примени во „Систина“ не се во животна опасност.