Прв пат од 2018 година Серхио Рамос и Кристијано Роналдо ќе се најдат заедно на теренот. Тие вечерва ќе ги предводат своите репрезентации. Рамос и Роналдо девет години беа соиграчи во Реал Мадрид.
„Марка“ во пресрет на натпреварот откри детали од „тивката војна“ која помеѓу овие двајца фудбалери трае две години.
Рамос и уште некои играчи на Реал му замерила на Роналдо за однесувањето кога Лука Модриќ ја доби „Златната топка“. Овој извор тврди дека само со Марсело Португалецот останал добар пријател.
„Марка“ пишува дека две години тие двајца немаат никаков контакт, а дека вечерва поради телевизиските камери ќе се обидат да прикажат дека се е во ред помеѓу нив двајца.