Фудбалскиот клуб Рома објави дека од 30 јуни минатата година клубот забележал минус во работењето од 204 милиони евра.
Рома беше во минус и пред пандемијата на коронавирусот, а корона-кризата само ги продлабочи финансиските проблеми.
За салдото да биде негативно влијаеше и фактот дека Рома не успеа да се пласира во Лигата на шампионите. Клубот не заработи ниту од продажбата на фудбалери во преодниот рок.
За Грергори Дефрел (Сасуоло), Максим Гоналон (Гранада), Александар Коларов (Интер) и Патрик Шик (Баер Леверкузен) Рома доби скромни 13 милиони евра.
Поради корона-кризата играчите се откажаа од дел од своите плати со што му помогнаа на клубот да заштеди 30 милиони вра.
Рома минатата година доби нов сопственик, Дан Фредкин за 600 милиони евра го купи клубот од Џејмс Палота.