Жо-Вилфрид Цонга ја освои својата четврта титула во 2017, најмногу во неговата кариера, откако со 6:3/7:5 го совлада Аргентинецот Диего Шварцман во финалето на Европскиот опен во Антверпен, Белгија.
Цонга веќе ги имаше освоено титулите во Лион (против Бердих), Марсеј (против Пуј) и Ротердам (против Гофан), за да собере вкупно 16 титули во кариерата, и во исто време да се промовира во еден од кандидатите за прв пласман на АТП финалето во Лондон од 12 до 19 ноември.
Цонга сега има 2.055 поени во „Трката за Лондон“, 550 поени зад Пабло Карењо Буста, кој во моментов е на последното осмо место кое носи на елитниот турнир. До крајот на сезоната има уште два турнири за Цонга да ја надополни разликата – прво Ерсте Банк опен во Виена, а потоа домашниот Мастерс во Париз.
.@tsonga7 is champion in Antwerp!
Scores another indoor title, topping Schwartzman 6-3 7-5.#EuropeanOpen pic.twitter.com/ZD4XiLNazJ
— Tennis TV (@TennisTV) October 22, 2017