Поранешниот соиграч на Лионел Меси во Барселона Џерар Деулофеу рекол дека Аргентинецот не е најдобриот играч во историјата.
Деулофеу смета дека во историјата на фудбалот никој не бил подбар од Роналдињо.
„За мене Роналдињо е најдобриот во историјата. Сум го запознал, одев да го гледам на „Ноу Камп“, седеше крај мене, тоа е незаборавно искуство“, рекол за „Марка“, Деулофеу.
26-годишниот Деулофеу е продукт на академијата на Барселона, но за првиот тим има одиграно само 25 натпревари.
Во својот прв мандат од 2011 до 2015 година одиграл само шест натпревари. Барселона го испраќаше на позајмици во Евертон и Севиља. Во 2015 година Евертон го откупи неговиот договор, а по две сезони тој им беше позајмен на Милан.
Од Милан се врати во Барселона каде што одигра една сезона, но наредната сезона незадоволен од својот статус повторно замина на позајмица, овој пат во Вотфорд. По една сезона Вотфорд за 12 милиони евра го откупи неговиот договор од Барселона.
Откако Вотфорд испаднаа од Премиер лигата тој во преодниот рок се пресели на позајмица во Удинезе.