Нејмар пред три дена со хет-трик му овозможи на Бразил да победи во Перу (4:2). Со овие три гола Нејмар стана вториот најдобар стрелец во историјата на националниот тим, пред него сега е само легендата Пеле.
Додека Бразилците го величеа Нејмар, репрезентативецот на Перу, инаку играч на Бока јуниорс, Карлос Замбрано бил огорчен од однесувањето на бразилскиот голгетер.
„Нејмар е голем играч, тој е еден од најдобрите во светот, тоа го потврди и на овој натпревар. Исто така потврди и дека е вистински кловн, циркусант. Секој контакт со противнички играч тој го користи за да се фрла и превиткува од „болки“ по теренот. Тоа секогаш го прави кога е во шеснаесетникот, глуми и бара пенал“, рекол Замбрано и дополнил.
„На овој меч четири или пет пати глумеше се гребеше за пенал, за жал два пати му успеа. Ниту еден пенал не постоеше“.