Top Sport

Проблем за Ливерпул, повредата на Ван Дајк е сериозна

Вирџил ван Дајк по само десет минути го заврши дербито со Евертон. Капитенот на Ливерпул доби удар во коленото од голманот на Евертон Џордан Пикфорд, а целата ситуација не беше санкционирана со пенал и црвен картон за голманот бидејќи во почетокот на акцијата еден играч на црвените беше во офсајд.

Ливерпул се уште не соопштува каква е ситуацијата со Ван Дајк, меѓутоа медиумите шпекулираат дека Холанѓанецот подолг период ќе отсуствува од фудбалските терени.

„BeIN sport“ објави дека повредата на Ван Дајк е сериозна, дека станува збор за предните вкрстени лигаменти во коленото и дека тој најмалку шест месеци нема да игра.

Ван Дајк последен пат во првенството не играч за Ливерпул во јануари 2018 година против Хадерсфилд.

 

Scroll to Top