Top Sport

Ибрахимовиќ го реши Интер

Милан славеше над Интер во „Дерби дела Мадонина“ со 2:1. Дербито со два гола го реши ветеранот Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот со 39 години и 14 дена стана највозрасниот играч кој постигнал гол во градското дерби.

Брилијантно прво полувреме одиграа градските ривали кое во целост го обележа Ибрахимовиќ.

Напаѓачот на Милан во 12 минута го намести Коларов да направи пенал. Тој го изведе пеналот, Хандановиќ го одбрани неговиот удар но топката се врати кај Ибрахимовиќ кој вториот пат не погреши.

Само три минути подцна Леа испрати совршен центаршут, Ибрахимовиќ му побегна на Коларов и по втор пат ја затресе мрежата на Интер.

Интер ја преполовија предноста на ривалите во 28 минута, Перишиќ ја проби левата страна од одбраната на Интер и му асистираше на Лукаку кој лесно реализираше.

Второто полувреме не беше толку квалитетно како првото, Интер беа поактивни, а Милан трпеливо ја чекаа шансата од контранапади.

На десет минути до крајот Интер добија пенал, меѓутоа ВАР го поништо поради офсајдот на Лукаку.

Милан по четири кола се лидери во Серија А со максимални 12 поени, Интер се шести со седум бода.

Scroll to Top