Top Sport

Фановите на Њукасл не го гледаа својот клуб и собраа пари за добротворни цели

Фановите на Њукасл јунајтед донираа 20.000 фунти за добротворни цели во текот на викендот, во знак на протест на превисоката цена на следење на натпреварите преку ТВ-преносите во Велика Британија.

Поразот на Њукасл од Манчестер јунајтед од 1:4 во саботата беше еден од неколкуте мечеви во Премиер лигата кои беа достапни во живо само со доплата од 14.95 фунти, и фановите на Њукасл во знак протест покренаа кампања „Добротворни цели не ППВ“ и донираа пари во локалната организација која дава храна на сиромашните.

„Ја цениме великодушноста на фановите на Њукасл и парите добро ќе дојдат. Ние храниме 1.000 луѓе неделно и користиме над 10 тони храна секој месец по цена од 1.700 фунти по тон, така што оваа донација ќе биде добредојдена“, вели директорот на органзиацијата, Џон Меккори.

Слични кампањи против планот на Премиер лигата направија и фановите на Лидс јунајтед и Манчестер сити.

Навивачите лути на Премиер лигата – гледање еден меч на ТВ ќе чини 14.95 фунти!

 

Scroll to Top