Top Sport

Фер-плеј на српски „начин“!

Втората српска лига повторно ни носи еден „интересен“ и бизарен меч, овојпат на дуелот меѓу Јагодина и Слога Краљево.

По една акција на домашните, судијата досуди слободен удар на 20-тина метри од голот на Слога, а додека фудбалерите на гостите тргнаа да протестираат кај судијата, домаќините ова го искористија и на брз начин постигнаа гол.

И покрај обидите да се убеди судијата слободниот удар повторно да се изведе слободниот удар, тој го призна голот. До крајот на мечот тој судеше и пенал за Јагодина за лесна 2:0 победа.

Инцидентот се случува при 1:14 на видеото.

Scroll to Top