Францускиот шампион ПСЖ вечерва од 21 часот во првото коло од новата сезона во Лигата на шампиони е пред голем предизвик, на „Паркот на принцовите“ доаѓа Манчестер Јунајтед.
Екипата предводена од Томас Тухел има големи проблеми со повредите, но нивната ударна игла – Нејмар и Мбапе се очекува да се во стројот. Токму на младиот Мбапе вечерва му треба еден гол за да сруши уште еден рекорд и да влезе во историјата.
Мбапе во досегашната кариера во ЛШ има постигнато 19 гола. Ако вечерва погоди против „ѓаволите“ ќе стане најмладиот играч во историјата на ова натпреварување со 20 погодоци.
Тој рекорд сега е сопственост на Лео Меси кој 20-тиот гол го постигна на 22 години и 267 дена. Со оглед на тоа што Мбапе се уште нема ниту 22 години, јасно е дека ќе го постигне рекордот ако даде барем еден гол до крајот на сезоната.