Навивачите на Арсенал немаа најдобра недела, откако по засрамувачкиот пораз од 1:2 од Остерсундс, викендот беше одбележан со 3:0 поразот од Манчестер сити во финалето на Карабао купот.
Дел од навивачите воопшто не го пречекаа крајот на натпреварот во кој „топчиите“ имаа само два удари на голот во второто полувреме, ставајќи нова сенка околу иднината на Арсен Венгер во клубот од северен Лондон. Но, сепак, на Интернет најмногу емоции побуди фотографијата на Санти Казорла по мечот.
Santi Cazorla lingering on the pitch after all other Arsenal players have walked off. Almost as if he just wants the feeling of being on one again. pic.twitter.com/9q2pfEnxA0
— Mattias Karén (@MattiasKaren) February 25, 2018
Шпанецот е дел од „старата гарда“ на Арсенал, која редовно завршуваше во топ 4 во Премиер лигата, но нема играно од 6:0 победата над Лудогорец во ЛШ пред две години, откако по низа повреди и десетина операции беше блиску до ампутација на ногата.
Фотографијата на која Казорла сам шета на теренот на „Вембли“, очигледно разочаран од резултатот, стана хит кај фановите на „топчиите“.
Животна драма на Казорла: Требало да му биде ампутирана ногата