Даниел Рикјардо во новиот Ред бул постави најдобро време на првиот ден тестирање на патеката „Каталуња“ покрај Барселона во понеделникот, откако попладневната сесија беше отежната поради дожд.
Рикјардо постави круг од 1:20.179 во последните пет минути од утринската сесија која се оддржа на студено и облачно време, и тоа време остана недостижно откако временските услови се влошија во текот на попладнето.
Ова време беше за 0.170 побрзо од тоа на Валтери Ботас во Мерцедес, кој исто како и Австралиецот возеше со „средни“ гуми. Рикјардо беше единствениот возач кој комплетираше над 100 круга, а Ред бул имаа најмногу километри пред тимот на Рено.
Кими Раиконен го постави третото најдобро време со 0.327 секунди заостанување, по што следуваше Нико Хилкенберг во Рено, додека Фернандо Алонсо се врати од несреќата на стартот на сесијата, за да биде петти најбрз во Каталонија.
Актуелниот шампион Луис Хамилтон ја презеде контролата на В09 болидот од Ботас во попладневната сесија и постави седмо најдобро време со комплетирани 25 круга, а интересно беше и во Торо росо, каде што тимот немаше проблеми на првиот ден тестирање со новите мотори на Хонда – комплетираа дури 93 круга. Овие 93 круга се најмногу во прв ден тестирање од враќањето на Хонда во Ф1 како снабдувач на мотори во 2015 година, а Брендон Хартли беше на осмата позиција.
This is where the fun begins! We are officially ROLLING for @F1 2018 Testing! #DrivenByEachOther #F1 pic.twitter.com/mhqErQziBU
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) February 26, 2018
We have a time on the board in the afternoon session ?
Fernando Alonso puts in a 1:23.112 in his @McLarenF1 MCL33#F1 #F1Testing pic.twitter.com/uboZdriioL
— Formula 1 (@F1) February 26, 2018
Despite this slight hairy moment, it’s been a productive morning for @ToroRosso, with 66 laps on the board so far for Hartley in the STR13 ?#F1 #F1Testing pic.twitter.com/1fDxNEAjqw
— Formula 1 (@F1) February 26, 2018
? AFTERNOON SESSION ?
RIC 1:20.179 (105)
BOT 1:20.349 (58)
RAI 1:20.506 (80)
HUL 1:20.547 (73)
ALO 1:21.339 (51)
SAI 1:22.168 (26)
HAM 1:22.327 (25)
HAR 1:22.371 (93)
STR 1:22.452 (46)
GRO 1:22.578 (55)
ERI 1:23.408 (63)
MAZ 1:25.628 (22)
SIR 1:44.148 (28)#F1 #F1Testing pic.twitter.com/vHnNLvAP3O— Formula 1 (@F1) February 26, 2018