Фудбалерите на Јуве утре со почеток од 21 часот на својот терен во Торино го играат натпреварот од 2 коло од групата Г од Лигата на шампиони против Барселона.
Тренерот на Јувенстус, Андреа Пирло вели дека вечерва ќе бидат готови резултатите од корона-тестот на Кристијано Роналдо, па ке се знае дали Португалецот ја победил болеста. Сепак, италијанскиот стратег дециден дека и со негативен тест на првата ѕвезда во тимот не е сигурен дека Роналдо би бил во поставата.
„Мора да ги почекаме резултатите, мислам дека вечерва ќе стигнат. Прво тоа да го почекаме, па ќе видиме. Засега се е отворено“ – рече Пирло.
Италијанецот потврди дека за овој меч нема да може да смета на Киелини и Де Лихт, а неизвесен е и настапот на Бонучи – сите поради повреди.
„Ќе сметам на играчите кои ги имам на располагање, Барселона е силна, во составот има големи шампиони и мора да одиграме сјајно. Играчите ќе мора да се жртвуваат и да одиграат добар меч. Имам само 4 дефанзивци и со нив ќе играм“ вели Пирло.
Јувентус сезонава е непоразен, но освои само 9 бода од 5 средби во Серија, и тоа 3 од нив по службената победа против Наполи. „Старата дама“ киксираше против релативно слабите состави на Кротоне и Верона.
Барселона, пак, сезоната во ЛШ ја започна до 5-1 победа против Ференварош, но во Ла Лига има 2 порази, нагости кај Хетафе и минатосаботниот од Реал на свој терен.
„Веќе 15 години Роналдо и Меси прават големи работи, ова не е одлучувачки меч, но се радуваме што ќе може да покажеме колку вредиме. Меси и понатаму е во врвот, играв против него многупати како играч, а утре првпат како тренер“ рече Пирло.