Поранешниот тренер на Тотенхем, Аргентинецот Маурисио Покетино веќе 1 година е без ангажман, од ноември 2019-та.
Оттогаш неговото име се споменуваше како тренерска опција во Барселона, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и други фудбалски гиганти, а последните информации се дека Зенит испратил понуда до него.
Дел од руските медиуми објави дека веќе е воспоставен конкакт, а преговорите се во тек. Сегашниот тренер на шампионот на Русија, Сергеј Семак е под договор до крајот на сезоната.
Зенит и во минатото имал звучни тренерски имиња како Роберто Манчини и Андре Вилас-Боаш.
Сепак, според многумина Покетино е најсериозен кандидат за клупата на Реал, секако доколку Зидан добие отказ.