Top Sport

Сер Боби Чарлтон страда од деменција

Легендата на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, Сер Боби Чарлтон страда од деменција, потврди неговата сопруга Норма за „Дејли телеграф“, посочувајќи дека со објавата сака јавноста да помогне на луѓето со оваа болест.

Потврдата доаѓа само два дена откако поранешниот соиграч на 83-годишниот Чарлтон, Ноби Стајлс почина од истата болест, и неколку месеци по смртта на неговиот брат Џеки Чарлтон. Чарлтон е петтиот член од славната генерација на Англија од 1966 со оваа болест, по неговиот постар брат, Стајлс, Мартин Питерс и Реј Вилсон.

Чарлтон имаше 758 настапи за „ѓаволите“ со што беше рекордер до 2008 година кога Рајан Гигс го мина овој рекорд. Тој освои три англиски титули, една европска титула и ФА куп со тимот од 1956 до 1973 кога замина во Престон норт енд. За Англија, Чарлтон имаше 106 настапи и беше најдобар стрелец со 49 гола додека не беше поминат од Вејн Руни.

Scroll to Top