Тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ е позитивен на коронавирусот, објавија денеска од хрватскиот клуб. Соопштија дека еден од фудбалерите е заразен со вирусот, како и двајца од стручниот штаб, меѓу кои е и Мамиќ.
„Динамо ја известува јавноста дека тестирањата на Ковид 19 покажаа позитивен еден играч од првиот тим и двајца членови на стручниот штаб, меѓу кои е и главниот тренер, Зоран Мамиќ. Наведените почувствувале благи симптоми по враќањето од Русија и упатени се на тестирање, кое за нив се покажа позитивно“ стои во соопштението од клубот.
Актуелниот шампион на Хрватска задутре игра против австриски Волфсбергер во рамки на Лига Европа, а Мамиќ нема да биде на клупата на овој меч.