Top Sport

Канело Алварез го раскина најбогатиот боксерски договор во историјата од 365 милиони долари

Една од најголемите боксерски ѕвезди на денешницата, Мексиканецот Саул Канело Алварез го раскина најбогатиот договор во историјата на боксот од 365 милиони долари, прекинувајќи ја соработката со „Голден бој промоушнс“ на Оскар де ла Хоја и „ДАЗН“.

Според менаџерот на Алварез, Еди Рејносо, 30-годишниот Алварез сега станува слободен агент и веќе има најавено меч против Кејлеб Плент на 19 декември.

„Во мојата улога како тренер на Саул Алварез, објавувам дека од денеска Канело станува слободен агент за да продолжи со својата кариера. Работиме напорно на враќањето во рингот за да докажеме дека мексиканскиот бокс е најдобриот“, вели Рејносо.

Алварез потпиша договор за 11 меча вреден неверојатни 365 милиони долари со „ДАЗН“ во октомври 2018 година, но откако во две години имаше само три меча по договорот, ги тужеше Оскар де ла Хоја и „ДАЗН“ за 280 милиони долари за неисполнување на условите на договорот.

Алварез (53-2-1, 36 КО) последен пат боксуваше во ноември 2019, освојувајќи ја ВБО титулата во средно-тешка категорија со нокаут во 11. рунда против Сергеј Ковалев за негова четврта титула во кариерата.

Канело го „уништи“ Ковалев за четврта светска титула (видео)

Канело Алварез со најбогатиот спортски договор во историјата, „тежок“ 365 милиони долари!

 

Scroll to Top