Френк Лампард беше воодушевен од стартот на Хаким Зијеш во дресот на Челси, откако тој беше најдобриот играч при 4:1 победата над Шефилд јунајтед во саботата.
Иако Шефилд дојдоа во водство на стартот на мечот, со прв примен гол на Челси по 459 минути, Теми Амбрахам, Бен Чилвел, Тијаго Силва и Тимо Вернер постигнаа голови со кои „сините“ се само еден поен зад лидерите Саутемптон и Ливерпул. Зијеш беше вклучен во три гола, постигнувајќи две асистенции и создавајќи шест шанси за клубот.
„Игравме против Зијеш во Лигата на шампионите и знаевме дека е играч од висока класа. Холандската лига заврши одамна, потоа беше повреден, но сега покажува што умее. Тој ќе биде голем играч за нас, каков што ни е потребен да се крене нивото. Ни дава поинаков стил на игра, нешто што сме го немале одамна“, вели Лампард.
Hakim. sauce. #CFC pic.twitter.com/5w8oPmtUQX
— amadí (@amadoit__) November 7, 2020