Top Sport

Тоа е вистински херој – Рашфорд со нова победа, британската влада попушти!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд изделува уште една промена на политиката на британската влада околу помошта за сиромашните деца во земјата, по што призна дека е „горд“ на својот успех.

Британскиот премиер во саботата му се јавил на Рашфорд по неговиот настап при 3:1 победата над Евертон, за да зборуваат за помошта за сиромашните семејства во зимските месеци, откако Рашфорд ја предводеше кампањата за продолжување на програмата за бесплатен ручек за децата и за време на зимските месеци, кога не се оди на училиште.

Во јуни, Рашфорд успешно лобираше да се продолжи со програмата во текот на летото, а сега собираше потписи за да се продолжи програмата до Велигден 2021 година. Ова беше одбиено од британскиот парламент, но Џонсон сега му ветил на Рашфорд дека ќе бидат одвоени 170 милиони фунти за помош на децата во текот на зимата.

„Имав прекрасен разговор со премиерот за подобро да се разбере предвидениот план и ги поздравувам чекорите кои се направени за борба против сиромаштијата кај децата во Обединетото Кралство. Има уште многу работи кои можат да се направат, но првата цел се 1.7 милиони деца кои пропуштаат бесплатни ручеци во училиште бидејќи немаат доволно ниски примања. Владата покажа дека е позитивна за ова прашање и тоа мора да се признае“, напиша Рашфорд на социјалните мрежи.

За својата прва успешна кампања, како и за другите многубројни добротворни акции кои ги презема, Рашфорд, кој и самиот пораснал во сиромашно семејство со самохрана мајка, доби признание и од британската кралица, која го прогласи за член на Британската Империја (МБЕ).

Scroll to Top