Top Sport

Кирјос страдал од депресија: Не сфаќате колку си осамен во тенисот

Контроверзната австралиска тениска ѕвезда, Ник Кирјос призна дека се борел со депресијата последните години поради „безмилосниот“ тениски распоред.

Кирјос, кој е познат по својот тениски талент исто колку што е познат по понекогаш детското однесување на теренот и постојаното коментирање за најголемите тениски ѕведи, минатата година по Мастерсот во Синсинати кога го кршеше рекетот доби наредба од АТП да побара професионална психолошка помош. Сега, тој признава дека менталната борба е тешка.

„Мислам дека луѓето не сфаќаат колку осамен е животот во тенисот. На теренот си сам, не зборуваш со никого, сам мораш да ги решиш работите. Се мачев со тоа во минатото. Се сеќавам дека се разбудив во Шангај една година и беше 16 часот попладне и бев во кревет бидејќи не сакав да видам дека е ден. Се чувствував како никој да не сака да ме запознае како личност, туку сакаат само да ме гледаат како тенисер и да ме користат. Не верував никому. Бев во осамено, темно место. Многу луѓе поставуваа притисок на мене, но и јас самиот го правев тоа. Ја загубив радоста за тенисот и работите излегуваа од контрола. Паднав во депресија поради тоа што мислев дека морам да бидам нешто друго“, вели Кирјос во интервју за австралискиот „Сандеј телеграф“.

Scroll to Top