Лидс јунајтед официјаллно ќе побараат од Премиер лигата да се објасни одлуката на Мајк Дин и ВАР системот да се досуди офсајд по контроверзниот поништен гол на Патрик Бемфорд против Кристал палас.
Англискиот напаѓач беше во офсајд откако со рацете покажуваше на својот соиграч Матеуш Клих каде сака да му ја додаде топката, по што се оцени дека рамото му е во офсајд, и на крајот Лидс забугија со 4:1. Доколку тој го беше признат во првото полувреме ќе беше 1:1.
Одлуката предизвика бура на реакции на социјалните мрежи и Лидс сакаат објаснување, но и менување на правилото за офсајд.
Este es el gol que le anularon al Leeds. Así, es una estafa al fútbol, una intromisión innecesaria, asi, el VAR sobra pic.twitter.com/dcThAvETQO
— Facu (@Facu08976803) November 7, 2020