Ноќеска во САД ќе се одржи најчудниот НБА драфт во историјата на лигата затоа што младите кошаркари преку апликацијата „ZООМ“ ќе го следат изборот на тимовите и потоа „online“ ќе разговараат со можните менаџери и тренери на тимовите.
Право на избор прв има тимот на Минесота Тимбервулфс, а се предвидува дека прв пик ќе биде Ентони Едвардс (19 години, 193 сантиметри) кој игра на позиција бек шутер и минатата сезона ја помина на Универзитетот „Џорџија“.
Куриозитет поврзано со него е што не е некој голем фан на кошарката. Момчето од Атланта тоа отворено го призна во едно интервју:
„Да бидам искрен, не сакам да гледам кошарка. Се уште не сум целиот во тоа. Ја сакам кошарката, секако, тоа е тоа со што се занимавам“ рече Едвардс за „ЕСПН“.
Тој открил дека разбрал дека може нешто да стори во кошарката кога за првпат забил во обрачот.
„Тоа е сето што ми беше потребно да видам“ рече младиот играч.