Играчот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира вели дека би му било чест да игра во Премиерлигата. Тој нема одиграно ниту минута откако на чело на „Старата дама“ е Андреа Пирло. Минатата сезона настапи на 18 меча.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Кедира (33) редовно тренира со соиграчите во Јуве, клубот во кој веќе помина 5 сезони, а договорот му истекува следното лето.
„Кога бев дете, сонував да играм во Премиерлигата. Навистина сум задоволен од мојата досегашна кариера, но нешто недостасува, сонот никогаш не ми се оствари, да бидам дел од ПЛ“ рече Кедира за „Скај Германија“.
Тој вели дека редовно ги следи мечевите од Премиерлигата.
„Секогаш уживав кога во ЛШ играв против англиски клубови. Атмосферата, стилот и идејата за фудбал отсекогаш ме импресионирале. Ако тоа е моно. Ќе ми биде таму да продолжам со фудбалот“ вели германскиот репрезентативец.
Кедира кариерата ја започна во Штутгарт, па во 2010 годинаа прејде во Реал Мадрид. Пет години подоцна стана дел од Јувентус. Освојуваше титули во сите три шампионати.
Смета дека Жозе Мурињо е најдобриот тренер со кој соработувал.
„Поради неговата личност, тој е секогаш искрен, директен, јасен, тој е сјаен тренер. Многумина велат дека е премногу дефанзивен, но тој е победник, тој е шампион“ вели Кедира.