Марсел Хиршер победи на претпоследниот слалом од Светскиот куп во словенечкиот ски-центар Крањска Гора, за да ја обезбеди седмата титула во генерален пласман од СК.
Двократниот олимписки шампион го зголеми водството пред својот единствен ривал за големиот кристал, Хенрик Кристоферсен на 289 поени, и Норвежанецот не може да го стигне Австриецот бидејќи ќе учествува само уште во две трки до крајот на сезоната.
Австриецот е првиот скијач во 51-годишната историја на Светскиот куп со седум титули во генерален пласман, поминувајќи ја сонародничката Анемари Мозер-Прел, која освои шест титули во женскиот СК во 1970-тите.
Хиршер по двете возења во Словенија имаше предност од 1.22 секунди пред Кристоферсен, додека подиумот го комплетираше Швајцарецот Рамон Ценхаузерн со 1.61 секунди заостанување. Со победата, Хиршер го обезбеди и слаломскиот кристален глобус, откако во саботата го освои и кристалот во велеслалом.
Фото: ЕПА
MARCEL HIRSCHER È INGIOCABILE ????
L’austriaco rifila distacchi enormi nella prima manche di slalom a Kranjska Gora! #EurosportSCI | https://t.co/gDw7vWrJ4v pic.twitter.com/UhGwdckiya
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) March 4, 2018
Marcel Hirscher è una sentenza ??
Vince ancora a Kranjska Gora e conquista la quinta coppa di specialità in slalom, la decima in carriera! #EurosportSCI | https://t.co/gDw7vWrJ4v pic.twitter.com/WSWHApyShO
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) March 4, 2018