Иако сите во Шпанија и во Англија очекуваат Лионел Меси на лето да стане фудбалер на Манчестер сити, неговиот поранешен ментор, Пеп Гвардиола инсистира дека повеќе би сакал да ја заврши кариерата со Барса, наместо да дојде во Премиер лигата.
Поранешниот прв човек на Барса го продолжи договорот со Манчестер сити и ќе остане на „Етихад“ барем до 2023 година, одлука која ги зголеми шпекулациите дека сега богатите сопственици ќе му ги исполнат желбите и ќе го донесат Меси. Но, тој инсистира дека не е така.
„Лионел Меси е фудбалер на Барселона. Ако ме прашувате лично, благодарем сум за тоа што го направи Барселона за мене, прво во академијата, потоа како фудбалер, и на крај како тренер. Ми дадоа се. Затоа сакам за Меси да ја заврши кариерата таму. Тоа сум го кажал можеби илјада пати. Како навивач на Барса сакам да остане таму. Но, ако заврши оваа година, не знам што ќе се случи. Сега е фудбалер на Барселона, а фудбалскиот пазар ќе биде во јуни и јули. Во моментов на умот ми се само многуте натпревари кои се пред нас и победите“, вели Гвардиола.
Man City boss Guardiola hopes Messi ends career at Barcelonahttps://t.co/ASCiCB8pOu https://t.co/ASCiCB8pOu
— The Star (@staronline) November 20, 2020