Top Sport

Ѓоковиќ го мина Зверев, во полуфинале против Тим!

Новак Ѓоковиќ е последниот полуфиналист на АТП финалето во Лондон, откако со 6:3/7:6(4) го совлада Александар Зверев во директен дуел за второто место во групата „Токио 1970“. Во второто полуфинале утре ќе се судрат првопласираниот во групата, Данил Медведев и шампионот од Ролан Гарос, Рафаел Надал.

До деветтото полуфинале на завршниот турнир од сезоната, Србинот стигна по час и 38 минути игра, откако започна фантастично и отвори со 2:0 предност, која ја заддржа за да го освои првиот сет. Во вториот беше малку потешко и двајцата тенисери не дозволија брејк, по што во тај-брејкот, Ѓоковиќ стигна до 7:4 предност.

Статистиката не му беше наклонета на Србинот – Зверев имаше 38 директни победнички топки, дури 20 повеќе од Ѓоковиќ, но Србинот направи помалку грешки. Ѓоковиќ ја брка шестата титула од АТП финалето во кариерата.

Scroll to Top