Американецот Џовани Рејна, денес, го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до јуни 2025 година. Рејна (18), во Дортмунд, пристигна од Њујорк во јули 2019 година.
Џовани Рејна, лани имаше забележителни настапи за вториот тим на Дортмунд, а од оваа сезона е стандарден член на најдобрата екипа на „милионерите“.
„Неговиот развој во последните месеци е неверојатен. Дефинитивно ќе биде важен играч за Борусија во иднина“, рекол спортскиот директор на клубот, Михаел Цорк.
Досега тој застапил на 22 натпревари за сениорскиот тим, постигнал два гола и забележал пет асистенции. Пред три дена тој наполни 18 години.
Рејна е првиот 17-годишник, кој забележал три асистенции на натпревар во Бундес лигата.