Тотенхем забележа победа над Манчестер сити 2:0 и се искачи на челната позиција на табелата, во Премиер лигата.
Тотенхем со оваа победа само ги потврди високите амбиции кои ги има оваа сезона, а Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека е незгоден противник за Пеп Гвардиола. Сити немаат победа над Тотенхем откако овој тим го предводи Португалецот.
Натпреварот се одвиваше онака како што сакаше Мурињо. Тотенхем им го препушти поседот на гостите, а своите шанси ги бараше во брзата транзиција.
Таквата определба им се исплатеше по само пет минути игра. Ендомбеле испрати совршено додавање до Сон, а Кореецот лесно го совлада Едерсон. Тотенхем постигнаа гол и во 12 минута преку Кејн, но ВАР го поништи поради офсајд.
ВАР работеше и во 35 минута кога Сити израмни преку Лапорт. Голот беше поништен поради играње со рака од страна на аситентот Жесус.
Во второто полувреме играчите на Сити напаѓаа од сите страни, но не создадоа серизоан шанса за гол, ниту пак имаа решенија како да ја пробијат одбраната на притивникот.
Тотенхем таквата нивна игра ја казни во 65 минута. Пеколна контра изведоа фудбалерите на Мурињо, Кејн му асистираше на Ло Селсо, а Аргентинецот кој на теренот влезе 35 секунди претходно, само ја префрли топката преку Едерсон.