Кармело Ентони го финализира договорот за да остане во Портланд трејлблејзерс барем уште една сезона, јавува „Атлетик“.
36-годишниот ветеран беше надвор од НБА лигата кога Блејзерс му дадоа договор како слободен агент минатиот ноември, по што тој имаше просек од 15.4 поени по натпревар, давајќи сила о нападот на тимот со помош на Дамијан Лилард и Си Џеј Меккалам.
Следната сезона ќе биде дури 17-та во НБА лигата, во која има просек од 23.6 поени и 6.5 скокови по натпревар.