Top Sport

Пирло воодушевен од Роналдо: Тој поставува стандарди за сите

Кристијано Роналдо е вистински шампион, смета тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, откако португалската суперѕвезда ја продолжи фантастичната низа на голови со два гола при 2:0 победата над Каљари, постигнати во четири минути во првото полувреме, за да има вкупно 8 гола во 6 настапи за Јуве.

Тој стана првиот фудбалер на Јуве кој постигнал голови во своите први пет настапи во Серија А во една сезона во ерата во која победите носат три поени, и Пирло не штедеше на зборови.

„Тој е огромен професионалец, но сите го знаевме тоа. Вистински шампион кој поставува стандарди за сите околу него, на мечевите и на тренинзите. Совет? Кој совет можам да му го дадам освен да продолжи вака“, вели Пирло.

Роналдо 2 – Калјари 0

Scroll to Top