Мото ГП шампионатот заврши овој викенд со првото Португалско ГП на патеката Портимао со победа на домашниот фаворит Мигуел Оливеира, додека новокрунисаниот светски шампион Жоан Мир не ја заврши трката, што значеше дека Сузуки не ја освои титулата кај конструктори, која отиде кај Дукати, благодарение на второто место на Џек Милер.
Оливеира беше убедлив од стартот до финишот, додека зад него Франко Морбидели се најде во битка со Милер во вториот дел од трката, за да го обезбеди второто место во генерален пласман во 2020 со третото место, откако Австралиецот го помина во последниот круг.
The realisation of a dream! ✨
Congratulations @eneabastianini and the Italtrans Racing Team! ?#BeastMode | #PortugueseGP ?? pic.twitter.com/jjWNRyWypE
— MotoGP™? (@MotoGP) November 22, 2020
Во Мото2 шампионатот, Реми Гарднер стигна до својата прва победа во тесна трка, во која Енеа Бастијанини ја освои титулата со освоеното петто место. Гарднер во последниот круг успеа да го помине Лука Марини, за да стане рекордниот 26-ти различен победник во трите Мото ГП класи оваа сезона.
Бастијанини, пред селењето во Мото ГП следната сезона, успеа да ја освои титулата со освоеното петто место, заддржувајќи го зад себе Сем Лоувс – Марини заврши само 9 поени зад него.
Уште поинтересно беше во Мото3 класата, каде што Шпанецот Алберт Аренас ја освои титулата во директна битака со Аи Огура и Тони Арболино, додека напред доминантна победа оствари Раул Фернандез.
Аренас, Огура и Арболина беа во 11 поени пред трката, за на крајот Аренас да стане шампион со 12. место со само четири поени предност.