Top Sport

Втора победа во два дена за Петра Влхова

Словачката скијачка сензација, Петра Влхова успеа да ја остави зад себе Мишел Гисин за да стигне до втората слаломска победа во два дена во Леви, Финска, заканувајќи се дека во новата сезона оди на големата титула.

Влхова и Гисин имаа еднакво време во првото возење, но актуелнаат шампиона од СК во дисциплината беше поконцентрирана во второто возење за да ја победи Швајцарката за 0.31 секунди. Австријката Катарина Линсбергер беше трета, додека во втората трка по 10-месечна пауза, Американката Микаела Шифрин беше петта, еден ден откако заврши на второто место зад Влхова.

Во сите 28 слаломски трки од јануари 2017 победнички се или Шифрин (19) или Влхова (9). На патеката во Финска имаше мал број на гледачи, а сезоната продолжува со трка во паралелен велеслалом во Австрија во вторник.

Scroll to Top