Фановите на Ливерпул се воодушевени од последното засилување на клубот, Португалецот Диого Жота, откако поранешниот фудбалер на Вулверхемптон вчера постигна гол во четвти последователен меч на „Енфилд“ при 3:0 победата над Лестер.
Сепак, фановите на „црвените“ исто така се воодушевени и од коментарот кој го даде Жота до судијата, откако беше истуркан во една ситуација да ја брани топката. Судијата реши да не суди фаул бидејќи тој остана на нозе, по што јасно му порача: „Следниот пат, ќе паднам!“.
Откако пристигна во Ливерпул за 42 милиони фунти, Жота има 8 гола во 12 натпревари и имаше сензационално адаптирање во тимот, практично преземајќи му го стартното место на Роберто Фирмино.
????? pic.twitter.com/u3jv3O00cQ
— JohnSmith1988 (@Smith1988John) November 23, 2020